Press Release

ИФЦ го поддржува закрепнувањето и растот во производствениот сектор во Западен Балкан

март 16, 2021

Скопје, Северна Македонија, 16 март, 2021 година — ИФЦ започнува со спроведување на дигитална платформа која ќе ја зголеми поврзаноста помеѓу фирмите од Западен Балкан и регионалните и глобалните синџири на вредност.Ова претставува дел од напорите за создавање на работни места и поддршка на економското закрепнување на регионот од пандемијата КОВИД-19.

Спроведена заедно со Швајцарскиот секретаријат за економски работи СЕЦО, иницијативата е дел од советодавната програма на ИФЦ во Србија, Косово и Северна Македонија која се очекува да овозможи финансирање од 45 милиони американски долари за производствените фирми. Тука исто така се вклучени и 5 милиони американски долари во странски директни инвестиции и поддршка за зголемување на бројот на работни места со повисока додадена вредност. КОВИД-19 изврши притисок на производителите ширум Западен Балкан, а програмата е осмислена да создаде нови можности за фирмите и на тој начин да го забрза закрепнувањето од пандемијата.  

„Денес, производството е втор најголем сектор по бројот на вработувања во сите земји на Југоисточна Европа и има трет најголем придонес кон бруто домашниот производ. Се проценува дека лесното производство обезбедува работни места за 200.000 луѓе само во Србија и над 70 проценти од овие вработувања се создадени од страна на малите и средните претпријатија (МСП)," изјави Лилиана де Са Кирхкнопф, раководител на одделот на СЕЦО за развој на приватниот сектор. „Преку унапредувањето на економската интеграција на производствениот сектор на Западен Балкан како во регионот така и кај глобалните синџири на вредност, СЕЦО има за цел да придонесе за создавање на повеќе и подобри работни места за локалните работници и поголеми приходи од продажба за МСП."

Производителите од Западен Балкан се обидуваат да влезат во глобалните синџири на снабдување во изминатата деценија, но не сите имаат капацитети и вештини да се поврзат со меѓународните фирми. ИФЦ соработува со Ахилес од Обединето Кралство, глобален добавувач на изворни платформи, во насока на создавање на дигитален пазар каде производителите ќе можат да се поврзат со инвеститорите, купувачите и добавувачите. Програмата ќе се фокусира на домашните производители во најразлични сектор вклучувајќи, автомото, индустриска опрема, земјоделска опрема и лесно производство.

„Како што излегуваме од кризата со КОВИД-19, Западен Балкан има можност за привлекување на нови приватни инвестиции, создавање на работни места со одредени вештини и зголемување на приходите," изјави Ари Наим, регионален раководител на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа."  Со оваа програма имаме за цел да ги поврземе малите и средните претпријатија од регионот со глобалните синџири на вредност и на тој начин да им помогнеме да бидат поконкурентни и да имаат побрз раст."

За ИФЦ

ИФЦ – членка на Групацијата Светска Банка – е најголемата глобална институција за развој со фокус на приватниот сектор на пазарите во развој. Работиме во повеќе од 100 земји, користејќи го нашиот капитал, стручност и влијание да создадеме пазари и можности во земјите во развој. Во фискалната година 2020, инвестиравме 22 милијарди американски долари во приватни компании и финансиски институции во земји во развој, искористувајќи ја моќта на приватниот сектор да ставиме крај на екстремната сиромаштија и да го зголемиме заедничкиот просперитет. За повеќе информации, постете не на www.ifc.org.

Останете поврзани:

www.facebook.com/IFCwbg

www.twitter.com/IFC_org

www.youtube.com/IFCvideocasts

www.ifc.org/SocialMediaIndex

www.instagram.com\ifc_org

За СЕЦО

СЕЦО е центар на компетентност во Швајцарија за сите основни прашања поврзани со економската политика. Соработката на СЕЦО во полето на економскиот развој се стреми да посигне инклузивен одржлив раст и намалување на сиромаштијата во земјите со кои соработува. Неговите активности имаат за цел создавање на повеќе и подобри работни места, подобрување на трговијата и конкурентноста, поддршка на ефективните институции и услуги, како и поттикнување на економии отпорни на климатските промени. За повеќе информации, посетете не на  www.seco-cooperation.admin.ch.


Contacts

Во Белград:

Иван Мишковиќ

Тел: +381 11 330 89 50

Е-пошта: imiskovic@ifc.org