Press Release

ИФЦ назначи нов регионален директор за Западен Балкан

август 24, 2023

Скопје, Северна Македонија, 24 август 2023 година – ИФЦ го назначи Никола Марки за свој нов регионален директор за Западен Балкан. Марки ќе ги надгледува напорите на ИФЦ во регионот за поттикнување на растот на приватниот сектор и за привлекување нови приватни инвестиции во клучните области, вклучувајќи ги поврзувањето и отпорноста на климатските примени во време кога регионот се соочува со големи економски предизвици.

Поради инвазијата на Русија врз Украина и затегнатите финансиски услови во светот, економиите во регионот и понатаму се особено погодени од високите цени на храната и на енергијата. И покрај пречките, земјите од Западен Балкан имаат можност да преминат на траекторија на развојот со ниски јаглеродни емисии, а тековната енергетска криза ја нагласува потребата за забрзување на зелената транзиција за отпорно и сеопфатно закрепнување.

Како нов регионален директор за Западен Балкан, Марки ја нагласи потребата за поголеми инвестиции на приватниот сектор што ќе им овозможат на земјите во регионот да се справат со предизвиците од ограничениот фискален простор. 

„Партнерството помеѓу ИФЦ и Западен Балкан трае повеќе од 30 години. Со нашата единствена перспектива како водечка светска развојна финансиска институција фокусирана на приватниот сектор, добро сме позиционирани да го поддржиме регионот и да му помогнеме да ги постигне своите развојни цели, истовремено помагајќи го процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан.", изјави Марки.

Пред да ја преземе оваа улога, Марки бил директор на канцеларијата за Сингапур, Малезија и Брунеи. Во тоа својство го зајакнал капацитетот на регионалната канцеларија на ИФЦ за Азија и Пацификот и го забрзал извозот на инвестиции на сингапурски спонзори. Претходно, Марки бил и советник на двајца последователни директори на ИФЦ.

„Нашата стратегија во Западен Балкан е да ја поддржиме зелената, енергетската и дигиталната транзиција, помагајќи да се зголеми отпорноста на влијанијата на климатските промени и поттикнувајќи ја конкурентноста," изјави Рана Карадшех, регионална директорка на ИФЦ за Европа. Таа додаде и дека „Понатаму, нашата цел е да инвестираме во повеќе сектори во регионот, особено во обновливата енергија, банкарството, трговијата на мало, преработувачката индустрија и во ризичниот капитал."

Марки оваа функција ја презема од Ари Наим кој беше задолжен за земјите од Западен Балкан и за земјите членки на Европската Унија (ЕУ), вклучувајќи ги Полска, Романија, Бугарија и Хрватска како регионален директор од август 2020 година. За да го поддржи и да ги поттикне развојот на приватниот сектор во Централна и Југоисточна Европа, ИФЦ сега формира два одделни подрегиони во рамките на регионот Европа. Соодветно, Марки, со седиште во Белград, Србија ќе биде надлежен за Западен Балкан, а Ари Наим, со седиште во Варшава, за земјите членки на ЕУ.

Марки, кој е француски државјанин, има дипломирано економија и финансии на Универзитетот во Дурам, Велика Британија и магистрирано во областа на организациониот менаџмент на Универзитетот Сорбона во Париз.  

За ИФЦ

ИФЦ – членка на Групацијата Светска Банка – е најголемата светска развојна институција фокусирана на приватниот сектор на пазарите во развој. Работиме во повеќе од 100 земји, користејќи го нашиот капитал, стручност и влијание за да создадеме пазари и можности во земјите во развој. Во 2023 фискална година, ИФЦ издвои рекордни 43,7 милијарди УСД за приватни компании и финансиски институции во земјите во развој, зајакнувајќи ја моќта на приватниот сектор за ставање крај на екстремната сиромаштија и поттикнување на заедничкиот просперитет додека економиите се справуваат со влијанијата на светските кризи. За повеќе информации, посетете ја страницата www.ifc.org.

 

Останете поврзани

www.facebook.com/IFCwbg

www.twitter.com/IFC_org

www.youtube.com/IFCvideocasts

www.ifc.org/SocialMediaIndex

www.instagram.com/ifc_org

 


Contacts

Во Белград:

Иван Мишковиќ

Телефон: +381 11 330 89 50

Е-пошта: imiskovic@ifc.org